дисциплинира (св. и несв.)
На ова место анализите ни се вкрстуваат и влеваат во заедничко уверување: ние зборуваме на крајот, во последната етапа на лажно вдахновение на критичката свест, чии последни импулси можат да се спасат само под услов фрагментарно да се развластат, прецизно да се локализираат и формално да се дисциплинираат.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Но, јас сум и во ситуација во која односот помеѓу дисциплината и она што треба да се дисциплинира секогаш е отворен.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Меѓутоа, туѓото искуство ја нема моќта да доведе до заинтересираност неопходна да го дисциплинира духот да ги следи и најситните детали на принципите на проектирање.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Таа војна кај нас беше само лажно дисциплинирана со комунистичкиот мир (што, сепак, според Еуген Финк, е „забрана на смртта”), но токму во него маскираните тагови дотуркаа до највисоките хиерархиски места, и во моментот на историска шанса за нов зов на Нацијата, за фашизам (според Финк, „очитување на смртта”), тие излегоа од своите заклетвени пратемници - од коишто изнурнува и божицата Кали, не како Примавера, туку како ждерачка на лешеви - и удрија со современа воена техника, сепак, амулетно, сѐ уште користејќи касапски ножеви, на сето она што беше југословенско, што не се одзва на повикот на божицата Нација.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Не е лош начинот на кој татко сакаше да ме дисциплинира.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Дисциплинирањето на желбите кај гулабите јас тогаш си го замислував како одземање на небото за нивните крила.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Самиот се скротував, се дисциплинирав, научив да седам со часови на работното масиче, научив да ги врзувам зборовите во еден поинаков раскажувачки ред и, со текот на времето, во тоа успеав.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)